Што е „Илинден 1903 Македонија“?
„Илинден
1903“ е клуб формиран од Mакедонци кои живеат и работат во Германија и тоа во
Хамбург и неговата околина. Во 1978 година, беа удрени темелите на една
институција што ја продолжува традицијата и континуитетот на одржувањето на
македонскиот национален субјективитет и интегритет. Германија ни овозможува
нам, на Македонците, дел од својот живот да го минуваме во срцето на Европа, во
пазувите на еден пријателски народ со долга историја и култура, да ги
остваруваме своите потреби и интереси на начин кој обезбедува развивање и
зачувување на нашиот национален и културен идентитет.
Ние Македонците, каде и да се наоѓаме на оваа планета,
остануваме она по што сме, препознатливи за секоја цивилизација како делови од
еден народ со бурна и непокорна историја, на која сме горди. Денес таа нè
мотивира, на овие простори, во развиениот културен систем на Хамбург, да ја
зачуваме нашата културна традиција и да го дадеме својот придонес за
збогатување на германската културна ризница со нови вредности.
Во 2008 година клубот доби нов статут и име: „Илинден 1903
Македонија“. Потребата да се додаде државното име Македонија е со цел да се
прецизира од каде потекнуваат клубот и неговите членови.
Was ist "Ilinden 1903 Makedonija e.V"
"Ilinden 1903" wurde gegründet von makedonischen
Gastarbeitern die in Hamburg und Umgebung leben und arbeiten. 1978 wurde der
Grundstein für eine Instutition gelegt die die Tradition und
Kontinuität der makedonischen nationalen Subjektivität und Integrität
erhält.
Deutschland, ein Land mit langer Geschichte und Kultur,
ermöglicht es uns Makedonen, ein Teil unseres Lebens im Herzen Europas zu
verbringen. Unsere Bedürfnisse und Interessen werden in einer Weise
erfüllt, die es uns ermöglicht, unsere nationale Identität zu entwickeln und
beizubehalten.
Wir Makedonen, wo immer wir uns auf dem Planeten
aufhalten,bleiben immer das was wir sind. Erkennbar für jede Zivilisation als
Volk mit einer bewegten und unnachgiebigen Historie, worauf wir sehr stolz
sind.
Diese Geschichte motiviert uns an diesem Ort, im
hochentwickelten kulturellen Hamburg, unsere makedonische Tradition zu erhalten
und unseren Anteil dazu beizutragen die deutsche Kultur mit neuen Werten zu
bereichern.
Im Jahre 2008 hat unser Verein den Namenszusatz
"Makedonija" erhalten um die Herkunft zu präzisieren und gründete den
Fußballverein.